Top Sport

Ди Марија: Мбапе знае што сака

Фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија, во интервју за „РМЦ спорт“, говорел за иднината на соиграчот Килијан Мбапе. Тој е сигурен дека Мбапе ќе го напушти Париз.

„Тука се работи за лична одлука, тоа е реалноста. Килијан знае во која насока треба да му се развива кариерата. Секако дека сите ние сакаме да го продолжи договорот, задоволство е да се игра со него. Јас со него имам одлична соработка, би било сјано кога би можел и понатаму да играм со него во ПСЖ“, рекол Ди Марија.

Водечките европски медиуми шпекулираат дека на 1.јануари ќе потпише преддоговор со Реал Мадрид.

Scroll to Top