Top Sport

Ди Марија: Ме заболе за „седумката“ на Јунајтед, не постои полош тренер од Ван Гал

Аргентинецот, Анхел Ди Марија, во опширно интервју за „Либеро“, говорел меѓу другото и за периодот што го мина во Манчестер јунајтед. Ди Марија жестоко го критикува тогашниот тренер на „црвените ѓаволи“, Луј Ван Гал.

„Мојот главен проблем во Манчестер јунајтед беше тренерот. Тоа е најлошиот тренер со кого сум работел во кариерата. Давав голови, асистирав, а тој наредниот ден ми покажуваше каде сум грешел во додавањата“, вели фудбалерот на ПСЖ.

Ди Марија кога доаѓаше во Манчестер јунајтед беше проектиран да биде лидер на тимот. Поради тоа ја доби седумката. Овој број е култниот број во Јунајтед, пред Ди Марија го носеле клупските легенди Бест, Кантона, Бекам, Роналдо.

„Ме заболе за седумката на Јунајтед. Ми говореа дека тое за нив е светиот број, но за мене тоа е број како и сите други“.

Ди Марија одговорил и на прашањето кој играч е најдобра во историјата на фудбалот. Нема дилема дека тоа е Лионел Меси.

„Сум играл со Роналдо, Нејмар, Мбапе, Ибрахимовиќ, Ван Перси, Бензема, Бејл…Меси е најдобар, тој е од некоја друга планета. Искрено, никогаш ништо слично не сум видел“, заклучил Ди Марија.

Scroll to Top