Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Анхел ди Марија вели дека играл со некои од најголемите фудбалери на неговата генерација преку настапите за Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, но е сигурен дека капитенот на репрезентацијата, Лео Меси е едноставно најдобриот.
Ди Марија играше четири години за Реал од 2010 до 2014, во периодот кога покрај Кристијано Роналдо ја освои Лигата на шампионите, по што следуваше настапот за Јунајтед (на крајот неуспешен) покрај англиската легенда Вејн Руни, кого уште го цени многу.
„Беше остварување на сон можноста да се игра со Руни, Ибрахимовиќ, Кристијано, Лео. Тоа беа фудбалери кои ги користев на ’Плејстејшн’, а потоа играв со сите нив. Лео е најдобриот од таа четворка, Кристијано е ’чудовиште’, а Нејмар е вистинска радост за фудбалот. Ибра е луд човек, апсолутно неверојатен лик. На теренот можеби изгледа како лошо момче, но е прекрасен и навистина добро се согласував со него. Рунии беше тивок, но и многу силен. Сепак, од сите нив, повторно би го избрал само Лео“, вели Ди Марија во интервју за аргентинскиот „ТиС“.