Top Sport

Ди Марија во Јувентус

Анхел Ди Марија е на прагот да потпише со Јувентус, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Аргентинецот стана слободен играч на 1.јули по разделбата со Пари Сен Жермен, па веќе нема никакви пречки да ја официјализира соработката со италијанскиот клуб со кој преговара со месеци.

Во Јувентус подготвиле едногодишен договор за Ди Марија и само се чека тој да го стави својот потпис на договорот. Целата операција, според Романо, треба да заврши во наредните 48 часа.

Во сабота во Торино ќе биде и Пол Погба, кога ќе го официјализира враќањето во клубот.

Ди Марија во досегашната кариера има настапувано за Росарио, Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Scroll to Top