Top Sport

Диара си оди од ПСЖ по 159 минути игра поради бизнисот со енергетски пијалоци

Францускиот ветеран Ласана Диара се согласи за прекин на договорот со Пари Сен-Жермен, ставајќи крај на „авантурата“ во која оваа сезона одигра само 159 минути во три меча од Лига 1.

33-годишниот Диара, инаку роден во Париз, не се најде во плановите на тренерот Томас Тухел и си заминува од „светците“ со малку искуство.

„Лас веќе не тренираше со главната група, а не се појави во тренинг-кампот во Лож неколку недели и повеќе се фокусираше на сопствениот бренд на енергетски пијалоци“, вели анонимен извор за францускиот весник „Ла паризиен“.

Диара во својата професионална кариера играше во Англија (Челси, Арсенал, Портсмаут), Шпанија (Реал Мадрид), Русија (Анжи Махачкала, Локомотив Москва) и Обединетите Арапски Емирати (Ал Џазира), како и во Олимпик Марсеј.

Scroll to Top