Top Sport

Диаз: Реал Мадрид беше единствената опција

Реал Мадрид по новиот незгоден пораз од Реал Сосиедад во неделата, го претстави своето ново засилување, големата недеж Брахим Диаз, кој изјави дека немал избор по заминувањето од Манчестер сити да дојде во клубот од соништата.

19-годишниот шпански фудбалер доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ за 15.5 милиони фунти откако не се вклопуваше во плановите на Пеп Гвардиола.

„Ова е најсреќниот ден во мојот живот и не можев да добијам подобар подарок за Денот на трите крала. Имав три опции откако решив да заминам од Манчестер сити. Првата, да играм за Реал Мадрид, втората, да играм за Реал Мадрид и третата, да играм за Реал Мадрид. Беше невозможно да одам на друго место. Ја сфаќам одговорноста на носењето на овој дрес и ќе го дадам мојот максимум од првиот ден“, вели Диаз.

Тој потпиша договор на шест и пол години со Реал, со кој е обврзан до 2025 година. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез верува во талентот на фудбалерот.

„Се работи за посебен талент. Тој има квалитет, магија и сон да успее со нашиот клуб. Го избра пред другите и таа енергија мораме да ја искористиме“, изјави Перез.

Фото: ЕПА

Scroll to Top