Паоло Дибала и 50 милиони евра во замена за Мохамед Салах. Ваква размена според „Тутомеркато“ директорот на Јувентус Фабио Паратичи им понудил на Ливерпул.
Дибала не е задоволен од својот статус што го имаа оваа сезона во тимот на Јувентус и голема е веројатноста да се пресели во некој друг клуб. Интересе за него покрај Ливерпул покажувале и клубовите од Манчестер Јунајтед и Сити.
Аргентинецот во своите редови го сака и Интер, меѓутоа според италијанските медиуми тој ја одбил оваа опција.
Јувентус пак не го кријат интересот за Салах, иако тој оваа сезона не е во добра форма. Египѓанецот на последните седум натпревари нема постигнато гол.
Знаејќи дека во Ливерпул има интерес за Дибала, Паратичи и Јувентус биле подготвени да издвојат пари и да го испрата Аргентинецот на „Енфилд“ во замена Салах.
Репрезентативецот на Египет во минатото има играно во Серија А, за Фиорентина и Рома.