Top Sport

Убиен ‘посвоениот брат’ на Кевин Дурент

Клифорд Диксон ‘посвоениот брат’ на НБА ѕвездата, Кевин Дурент, бил убиен пред еден ноќен клуб во Атланта.

32-годишниот Диксон, бил убиен во четвртокот, објави американската полиција. Тој во барот „СЛ Лаунџ“ го прославувал роденденот, а кога излегол на паркингот бил убиен од засега непознати напаѓачи, кои веднаш потоа избегале.

Диксон бил најдобриот пријател и посвоен брат на Дурент. НБА ѕвездата го спомнал името на Диксон во својот говор кога ја доби МВП наградата во сезоната 2013/2014.

Scroll to Top