Top Sport

Дибала би бил „совршена“ замена за Нејмар

По сè поизвесното заминување на Нејмар од Пари Сен-Жермен по признанието на спортскиот директор Леонардо дека има „преговори во напредната фаза“, најмногу може да профитира Пауло Дибала од Јувентус.

Дибала во текот на летниот преоден рок беше поврзуван со трансфери во Манчестер јунајтед и Тотенхем, но на крајот се реши да не оди во Премиер лигата откако овие клубови не можеа да му ја обезбедат посакуваната плата од над 300.000 евра неделно.

Сега, за Аргентинецот се отвара можност да биде „совршена“ замена за Нејмар, посебно бидејќи на „светците“ нема да им биде проблем да ја исплатат оваа сума. Бидејќи преодниот рок во Франција, Шпанија и Италија трае до 2 септември, има доволно време да се изнаслушаме за најразлични варијанти.

Scroll to Top