Top Sport

ПЛ: Барнли и Брајтон убедливи на стартот, Евертон без „муниција“ (видео)

Барнли и Брајтон стигнаа до убедливи победи во првото коло од англиската Премиер лига, додека клубот кој повторно многу трошеше, Евертон имаше спор старт со 0:0 реми со Кристал палас.

Барнли со три гола во 15 минути во второто полувреме стигна до убедлива 3:0 победа над Саутемптон, додека Брајтон на гости кај Ватфорд успеа да забележи идентична 0:3 победа. Новиот премиерлигаш, Шефилд јунајтед го освои првиот поен откако израмни во финишот против Бурнемаут.

Евертон пак, на гостувањето на „Селхарст парк“ во Лондон не успеа да стигне до победа над Кристал палас на Рој Хоџсон, започнувајќи ја сезоната со 0:0 реми.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 1.КОЛО

Бурнемаут – Шефилд јунајтед 1:1

Барнли – Саутемптон 3:0

Кристал палас – Евертон 0:0

Ватфорд – Брајтон 0:3

Scroll to Top