Пауло Дибала ќе биде неизвесен за пресметката на Јувентус со Челси во Лигата на шампиони, откако заработи повреда во првото полувреме против Сампдорија неколку минути откако го отвори резултатот.
Дибала беше капитен на Јуве на мечот со клубот од Џенова и веќе во 10. минута со одличен волеј удар донесе 1:0 водство за „бјанконерите“, а потоа доби мускулна повреда и беше заменет со Дејан Кулушевски.
27-годишниот Дибала застана незгодно на стапалото и не можеше да продолжи, а Јувентус потоа поведоа со 2:0 со голот од пенал на Бонучи пред на полувреме да се отиде со 2:1 резултат по голот на Јошида во финишот на полувремето.
Dybala what a strike and locatelli first assist ??pic.twitter.com/G6lO3Gyw8p
— khalid ?? (@khalidnasir0111) September 26, 2021
Dybala left the pitch in tears following an injury minutes after giving Juve the lead ?
(via @btsportfootball)pic.twitter.com/HKXG20cCWG
— B/R Football (@brfootball) September 26, 2021