Top Sport

Дибала демантира дека е заразен со коронавирусот

Фудбалскиот клуб Јувентус и напаѓачот Паоло Дибала демантираа дека фудбалерот е заразен со коронавирусот.

Некои медиуми претпладнево објавија дека Дибала е вториот фудбалер на Јувентус, по Даниеле Ругани, кој е заразен со опасниот вирус.

Најпрвин клубот, а потоа Дибала преку социјалните мрежи ги демнатираа овие наводи.

„Поздрав до сите. Сакам само да потврдам дека сум добро, се наоѓам во самоизолација. Ви благодарам на пораките, се надевам дека и вие сте добро“, напишал Аргентинецот на „Твитер“.

За потсетување откако Ругани објави дека е позитивен на вирусот 121 член на Јувентус се наоѓа во изолација.

Scroll to Top