Top Sport

Дибала е подготвен да го тужи Јувентус

Паоло Дибала има намера да го тужи поранешниот клуб, Јувентус. Аргентинецот откри дека Јувентус му должи пари.

Паоло Дибала, во летниот преоден рок, како слободен играч го напушти Јувентус. Аргентинецот се пресели во Рома, со која потпиша договор до 2025 година.

Дибала претходно седум години го носеше дресот на Јувентус. Во Торино пристигна од Палермо, во 2015 година за сума од 40 милиони евра.

Напаѓачот на италијанските медиуми им открил дека Јувентус му должи пари (3,7 милиони евра) и дека клубот има рок од еден месец да си ги подмири обврските, во спротивно ќе поднесе тужба.

„Јувентус ми должи над три милиони евра за плати од 2021 година. Рокот за исплата е до април, а доколку тоа не се случи, адвокатите ќе мора да ги тужат, иако цело време се обидував да го избегнам тоа “, изјави Дибала.

Scroll to Top