Пауло Дибала го победи соиграчот од Јувентус, Кристијано Роналдо за да стане најдобар играч во Серија А во сезоната 2019/20, што значи дека Португалецот не успеа да ја одбрани „титулата“ која ја освои во својата прва сезона со „бјанконерите“.
Лега Серија А го прогласи Аргентинецот за „МВП“ на лигата, додека неговиот иден соиграч, Дејан Кулушевски стана најдобриот млад фудбалер по фантастичната сезона со Парма. Јувентус имаат уште еден победник во Војчех Шчесни, кој е прогласен за најдобар голман, додека награди добија и Стефан де Фрај (Интер), Алехандро Папу Гомез (Аталанта) и Чиро Имобиле (Лацио) за најдобри н своите позиции (одбрана, среден ред, напад).
Дибала имаше 11 гола во 33 меча во Серија А оваа сезона, но и 11 асистенции, враќајќи се силно со „бјанконерите“ откако минатото лето се шпекулираше дека Јуве сака да го продаде. 26-годишниот Дибала се адаптираше на новата улога по пристигнувањето на Роналдо во 2018 година и ја врати својата најдобра форма под Маурицио Сари.
Performance decisive per distinguersi ed essere i migliori! ? ?
Ecco tutti gli MVP della #SerieATIM 2019/2020. ?https://t.co/r7y1ALDV8G #WeAreCalcio pic.twitter.com/EiRvvaVNOG— Lega Serie A (@SerieA) August 4, 2020