Top Sport

Дибала и Кјелини подготвени за Виљареал

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри доби добри вести пред реваншот со Виљареал во Лигата на шампионите.

Напорите на денешниот тренинг ги издржале ветеранот Џорџо Кјелини и најкреативниот играч во тимот, Паоло Дибала. Овие двајца ќе бида во конкуренција за натпреварот со „жолтата подморница“.

Кјелини и Дибала го пропуштија првиот натпревар во Виљареал, кој заврши без победник 1.1

Јувентус ќе го пречека Виљареал во среда.

Scroll to Top