Паоло Дибала нема трпение да чека Јувентус да ја зголеми понудата, што значи дека по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.
Двете страни не успеаја да се договорат околу платата. Аргентинецот и неговиот менаџер бараат 10.000.000 евра, Јувентус се подготвени да му понудат фиксна плата од 7.500.000.
Интер ја следи ситуацијата со Дибала, но како што тврдат италијанските медиуми, Дибала, од почит кон навивачите на Јувентус, нема да се пресели во градот на модата.
Неговата намера е да ја напушти Серија А. Многу е веројатно дека кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити.
Доколку Дибала замине, Јувентус, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Николо Заниоло од Рома.