Преговорите помеѓу Јувентус и Паоло Дибала околу продолжувањето на соработката се движат во вистинска насока открил спортскиот директор Фабио Паратичи.
Договорот на Дибала со Јувентус истекува во 2022 година но сигурно е дека тој по овој период ќе остане во Торино.
„Често разговараме со неговите советници се одив во добра насока и покрај сите застои поради обврските и натпреварите кои се играат на секои три дена“, рекол Паратичи.
Јувентус во неделата ја освои деветтата титула по ред во Серија А. „Старата дама“ славеше над Сампдорија (2:0), а поради повреда Дибала пред време го заврши овој натпревар.
Дибала (26) во Јувентус пристигна во 2015 година од Палермо.