Top Sport

Дибала купил куче од Сараево, но претходно му спуштиле слушалка

Извесен Недим Шута (31) кој е доктор на биолошки науки, добитник на многубројни награди ширум светот, па токму поради тоа асот на Јувентус, Аргентинецот Паоло Дибала реши да купи куче токму од овој жител на Сараево.

Дибала своето куче „Боуен“ го купил од БиХ, каде што има одгледувачница за расите „американска акита“ и „шиба ину“.

„Кога Дибала првпат се обиде да ме контактира навистина не знаев за кого се работи, затоа што фудбалот не ми е сфера на интерес. Ја спуштив слушалката затоа што англискиот јазик на кој зборуваше беше многу лош па мислев дека некој се шегува со мене сакајќи да провери цена или слично. Дури подоцна дознав кој е Дибала, се договоривме. Приземни се, живеат потполно различна филозофија на животот“ раскажал Жута за локалните медиуми.

Шута вели дека поради пандемијата голема е побарувачката на кучиња во светот.

„Мене ми импонира што Сараево како мој град доби еден ден внимание во медиумите, сите пренесоа дека мега ѕвезда купила љубимец од БиХ“ рекол Шута.

Scroll to Top