Top Sport

АО: Словенечка тенисерка повраќа на терен по тричасовна борба!

Словенечката тенисерка Каја Јуван по 3 часа игра со 2-1 во сетови (3:6, 7:6, 6:3) славеше победа наг Мајар Шериф од Египет и обезбеди пласман во третото коло на грен слем турнирот Австралија опен.

Колку тежок и напорен меч одиграа двете тенисерки најдобро покажува фактот што Словенката во еден момент повраќаше на теренот, од исцрпеност.

Во третиот сет Јуван одвај стоеше на нозе, седна на клупата и се испразни покрај клупата.

Еве како изгледаше мечот кој Јуван ја доведе до работ да го предаде мечот поради исцрпеност иако во последниот сегмент од мечот спаси дури 6 брејк можности на противничката:

Scroll to Top