Top Sport

Дибала на 20. дневна пауза

Рома и Жозе Мурињо можат да здивнат, повредата на Пауло Дибала не е сериозна, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот го повреди коленото на вчерашната победа на Рома на гостувањето кај Каљари (4:1), а утринските прегледи покажаа дека лигаментите не се оштетени, што е добра вест за тренерот Жозе Мурињо.

Се очекува Дибала да паузира околу 20 дена, како и да му биде на располагање на Португалецот за последниот меч овој месец, против Интер на „Џузепе Меаца“, на 29 октомври.

Дибала поради повредата нема да патува на собирот на аргентинската репрезентација, ќе ги прескокне натпреварите во јужноамериканските квалификации за СП против Парагвај и Перу, а ќе го пропушти и дуелот на Рома со Монца, кој ќе биде одигра на 21 октомври на „Олимпик“ во Рим.

Scroll to Top