Top Sport

Дибала не може да се „откачи“ од коронавирусот

Фудбалерот на Јувентус Паоло Дибала се уште е позитивен на вирусот ковид-19. Аргентинецот на 21 март на „Инстаграм“ потврди дека е заразен. Претходно во клубот од Торино позитивни на вирусот беа Даниеле Ругани и Блез Матуиди.

Од моментот кога објави дека е позитивен на вирусот Дибала четири пати бил тестиран. Иако нема никакви симптоми тој и натаму е позитивен.

Ова го пишува шпански „Ел Чирингито“, според чии наводи на Аргентинецот му претстои интензивно лекување за да може да биде подготвен да им се врати на тренинзите кои Италија треба да започнатна 18 мај.

Дибала не е единствениот фудбалер со ваков проблем. Повеќе од еден месец од коронавирусот се лечи и голманот на Аталанта Марко Спортиело.

Scroll to Top