Top Sport

Дибала: Никогаш не помислував дека ќе ми недостасува фудбал

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала признава дека никогаш не помислувал дека ќе му недостасува да игра фудбал, и открива дека има нови „занимации“ откако по четврти пат во шест недели беше позитивен на корона вирусот.

„Да ви кажам искрено, никогаш не мислев дека ќе ми недостасува фудбалот и тренинзите толку многу. Чувствувам дека ми е потребно да тренирам, да ги видам соиграчите и барем да ја допрам топката, бидејќи дома и таму не е исто. Ми требаат копачките, да трчам, да постигнам гол. Не знам кога ќе се вратиме, а ниту чувството не е исто како на одмор“, вели Дибала во интервју со бразилската пејачка Анита.

Со толку слободно време, Аргентинецот открива дека ги научил придобивките на јогата.

„Вежбам дома и бидејќи имав шанса да донесам некоја опрема за тренирање, продолжувам со тоа. Но, бидејќи сум дома толку долго време, се обидов и со нови работи. На пример, најдов нова страст – јога! Уживам во тоа и чувствувам дека многу ми помага“, додава Дибала.

Scroll to Top