Top Sport

Пулев подготвен да се повлече и да дозволи меч Џошуа-Фјури

Можноста до крајот на годината да видиме британска пресметка за обединување на титулите во тешка категорија помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се зголеми откако бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев призна дека можеби ќе се откаже од дуелот со Џошуа за да се дозволи овој меч.

39-годишниот Пулев е предизвикувач за ИБФ титулата на Џошуа и пред пандемијата на корона вирус имаше договор да боксува со Џошуа на стадионот на Тотенхем на 20 јуни. Но, вторпат во кариерата тој меч може ќе му избега, откако во 2017 требаше да влезе во рингот со него пред да се повлече поради повреда.

Сега, со богатата понуда за дуел во Саудиска Арабија помеѓу Џошуа и Фјури, тој признава дека може ќе почека за меч.

„Подготвен сум за тој меч со Џошуа, но не знам што ќе се случи. Никој не знае. Кога некој ќе ми дојде и ќе ми понуди нешто, ќе размислам и ќе видиме што ќе се случи. Чекав долго време за овој меч, но отворен сум за разговор, како и секогаш“, вели Пулев.

Малку потешко ќе биде да се убеди да се откаже и Дионтеј Вајлдер, кој има клаузула во својот договор за трет меч против Тајсон Фјури, кој му ја одзеде титулата на доминантен начин оваа година.

Џошуа и Фјури договараат пресметка во Саудиска Арабија во декември!

Scroll to Top