Top Sport

Дибала одбил уште една понуда – Аргентинецот ќе го напушти Јувентус

Паоло Дибала одбил да го продолжи договорот со Јувентус. Медиумите во Италија, обајавија дека Аргентинецот не бил задоволен од понудените услови.

Дибала, неговиот менаџер Хорге Антун и претставникот на Јувентус, Павел Недвед, претпладнево во клупскиот тренинг-центар одржале состанок. Дибала го известил Недвед дека не ги прифаќа понудените услови.

Клубот му понудил три и пол годишен договор и фиксна плата од 7.000.000 евра, плус бонуси во износ од 3.000.000 евра. Дибала бил лут, бидејќи оваа понуда е полоша од онаа што ја одбил во октомври минатата година.

Тогаш клубот му понудил договор на четири и пол години, фиксна плата од 8.000.000 евра и бонуси во износ од 2.000.000 евра.

Медиумите во Италија, тврдат дека Дибала веќе одбил неколку клубови кои му понудиле повеќе од она што би го добил во Торино.

Паоло Дибала, пред седум години, за сума од 42.000.000 евра од Палермо пристигна во Јувентус.

Scroll to Top