Паоло Дибала, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Јувентус. Аргентиенцот од Торино ќе замине без оштета, поради што го привлече вниманието на клубови од Италија, Англија и Шпанија.
Медиумите во Шпанија, пред два дена, пишуваа дека речиси е сигурно дека Дибала ќе се пресели во Атлетико Мадрид, кај сонародникот Диего Симеоне.
Италијанските новинари тврдат дека Интер, најголемиот ривал на Јувентус, веќе ги започнал преговорите со менаџерот на Дибала и дека фудбалерот сигурно ќе остане во Серија А.
Новиот ден, донесе нови шпекулации околу иднината на Дибала. Три клуба од Премиер лигата биле заинтересирани за Дибала: Манчестер сити, Тотенхем и Арсенал.
Не треба да се заборави дека пред неколку години Дибала преговараше со Манчесер јунајтед, на крајот се реши да ги одбие и да остане во Јувентус.