Top Sport

Дибала пак ги крена Рома до нова победа

Со Пауло Дибала во форма, Рома стигна до 2:0 победа над Фиорентина, за „волчицата“ да остане непоразена по рестартот на италијанската Серија А по паузата за Светското првенство.

Работата на тимот на Жозе Мурињо беше олеснета кога Бразилецот Додо доби втор жолт картон во 24. минута, оставајќи ја Виола со 10 играчи на „Олимпико“. Теми Ејбрахам во 40. минута му асистираше на Дибала за водство на домаќините, за истата комбинација да го донесе и вториот гол во 82. минута за потврда на 10-тата победа оваа сезона.

Рома останува на седмото место со 34 поени, колку што имаат и Аталанта и Лацио пред нив со подобра гол-разлика. Фиорентина е на 10. место со 23 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top