Паоло Дибала е незадоволен од статусот што го има во Јувентус по доаѓањето на Кристијано Роналдо и наводно побарал клубот дозвола да си замине во јануарскиот преоден рок.
Дибала, во финишот на летниот преоден рок, се поврзуваше со трансфер во Реал, но самиот решил да остане во Јувентус.
Сепак, тренерот Масимилијано Алегри, на почетокот од сезоната, во нападот шанса им дава на Роналдо и Марио Манџукиќ, кој со неколку гола ја оправда довербата на тренерот.
Поради тоа Аргентинецот бил незадоволен и побарал трансфер.
Италијанските медиуми објавија дека тој преку својот менаџер му порачал на претседателот на Реал, Флорентино Перез, дека сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.