Top Sport

Дибала посакува трансфер во Рома

Пауло Дибало ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Се уште не се знае во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а во тој контекст се поврзува со Арсенал, Њукасл, Атлетико Мадрид и Интер. Според Кориере дело Спорт“, во моментов е најблиску до една опција, која досега не е спомната. Се работи за Рома.

Жозе Мурињо, тренерот на „волчицата“, разговарал со аргентинскиот фудбалер во текот на зимата и му рекол дека многу би сакал да го види во својот тим.

Менаџерот на Дибала требало да оди на последната рунда преговори со раководството на клубот, но поради поразот на Рома од Фиорентина, последната рунда на преговорите била одложена.

Имено, клубот од главниот град на Италија се уште нема обезбедено пласман во европските купови за следната сезона.

На Дибала му се допаѓа идејата да работи со Мурињо, а Италијанците пишуваат дека е воодушевен и од атмосферата на натпреварите на Рома. Исто така, неговиот менаџер сметал дека најдобро за Дибала е да остане во Серија А.

Scroll to Top