Јувентус нема да му го обноват договорот на Пауло Дибала, ситуација која постави повеќе од премиерлигашките клубови на „готовс“, но тој би преферирал трансфер во Пари Сен-Жермен, тврдат француските медиуми.
„Бјанконерите“ денеска објавија дека нема да му понудат нов договор на Аргентинецот, што значи дека тој ќе стане слободен агент на 30 јуни. Тотенхем, Арсенал и Ливерпул се меѓу клубовите кои го следат „Ла хоја“ од 2019 година, но според францускиот „Фут меркато“, тој побарал од неговите агенти како прва опција да биде богатиот париски клуб.
Оваа вест доаѓа во исто време кога францускиот „РМЦ“ објавува дека ПСЖ веќе му порачале на сонародникот на Дибала, Мауро Икарди да си побара нов клуб во текот на летото.
?Info : Paulo Dybala ?? s'est renseigné sur le #PSG.
• Le joueur, lui, a toujours été très intéressé par le projet parisien, et l’a d’ailleurs confié à son entourage.
• Aucune négociations entamées.https://t.co/IoxrYItDlg
— Santi Aouna (@Santi_J_FM) March 22, 2022