Top Sport

Дибала во Милан?

Паоло Дибала го напушта Јувентус, најблиску до неговиот потпис е Милан, тврди „Кориере дело Спорт“.

Дибала се поврзува со неколку екипи, Интер и Милан од Италија, Њукасл од Англија и Атлетико Мадрид од Шпанија.

Според „Кориере дело Спорт“, тој ќе остане во Серија А, но нема да се пресели во Интер, како што досега шпекулираа медиумите во Италија, туку во Милан.

Милан се лидери во Серија А, на седум кола до крајот на сезоната имаат бод повеќе од Наполи.

За да биде реализиран овој трансфер МИлан ќе треба да ги исполни финансиските барања на фудбалерот. Дибала бара годишна плата од 10.000.000 евра. Досега Милан одбиваше да им понуди вакви договори на фудбалерите, минатата сезона го одбија Џиџи Донарума, а оваа не ги прифатија сличните барања на Франк Кеси.

Scroll to Top