Top Sport

Дида се врати во Милан како тренер на младите голмани

Девет години откако си замина од Милан како голман, Нелсон Дида се враќа кај „росонерите“ како тренер. Бразилецот ќе ја преземе улогата на тренер на У-17 тимот на Милан, но целта е кариерата да оди во нагорна линија.

„Како голман на Милан од 2000 до 2010 година, Дида беше основа на успехот на клубот во тој период. Сега, тој се враќа како тренер на У-17 тимот“, се вели во соопштението на Милан.

Во периодот во кој беше во Милано, тој освои една титула од Серија А, една од Суперкупот, два трофеи од Лигата на шампионите, а имаше и 302 настапи, а во 132 меча на прими гол.

Scroll to Top