Top Sport

Роналдо открива кој му е омилениот гол, фудбалер и филм (видео)

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо во интервју за јутјуб каналот „Сокер.ком“ открива дека неговиот омилен гол е „последниот постигнат“, и открива дека најголема желба во кариерата му била да го дели теренот со португалската легенда Еузебио.

Во низа брзи прашања, ЦР7 беше запрашан за неговиот омилен гол, од 700-те постигнати во кариерата.

„Тоа е тешко прашање. Да издвојам еден, кога имам 700 гола. Секогаш кажувам дека најомилен ми е последниот постигнат гол. Не се работи за најубавиот, но головите секогаш се важни и последниот е најважен“, вели Роналдо.

Запрашан со кого би сакал да игра од фудбалските легенди, тој е јасен.

„Во умот имам многу фудбалери со кои би сакал да играм, но ќе споменам само еден од мојата земја, кој од неодамна не е со нас, Еузебио. Тој е еден од синовите на Португалија и би сакал да го делам теренот со него бидејќи тој беше неверојатен“, додава Роналдо.

34-годишниот ветеран го откри и потеклото на неговата славна прослава со извикот „Сиу“.

„Бев во САД и игравме со Челси и не знам од каде дојде тоа. Постигнав гол и извикав: ’Сиуууу’. Беше нешто природно. Потоа почнав да го повторувам, а и на фановите им се допадна тоа. Што би бил ако не сум фудбалер? Актер, а можеби модел. Не знам. Мојот омилен филм е ’Кога јагнињата ќе стивнат’. Знам дека е стар филм, но е вистинска класика“, вели Роналдо.

Scroll to Top