Top Sport

Диего Алонсо е новиот селектор на Уругвај

Фудбалскиот сојуз на Уругвај објави дека Диего Алонсо е новиот селектор на националниот тим. Алонсо на функцијата доаѓа на местото на Оскар Табарез.

Диего Алонсо беше тренер на Интер Мајами, во кариерата работел во Пењарол, Олимпија од Парагвај, односно Пачука и Монтереј од Мексико.

Уругвајците имаа желба селектор да биде Марсело Гаљардо, но тој ја одби понудата кога го продолжи договорот со Ривер Плата.

Алонсо (46) ќе дебитира на 27.јануари, пртив Парагвај во квалификациите за Светското првенство во Катар.
Табарес доби отказ по 15 години работа, поради лошите резултати во квалификациите за Мундијалот.

На четири кола до крајот на квалификациите во Јужна Америка, Уругвај се наоѓа на седмото место со 16 бода, еден помалку од четвртопласираната Колумбија.

Најдобрите четири (Бразил и Аргентина веќе обезбедија пласман во Катар), ќе играат на Мундијалот, а петтопласираната репрезентација ќе игра Интерконтинентален бараж за пласман на СП.

Scroll to Top