Прославениот уругвајски фудбалер Диего Форлан ќе започне тренерска кариера. Медиумите во оваа земја објавија дека тој ќе стане тренер на Пењарол, клуб чии дрес го носел во младинските категории.
Сениорската кариера, Форлан ја започнал во Индепендиенте, а подоцна настапувал за Манчестер Јунајтед, Вилјареал, Атлетико Мадрид, Интер, Интернасионал од Порто Алегре, Серез Осака, Пењарол и Мумбаи сити.
Со Манчестер Јунајтед во 2003 ја освои Премиер лигата, со Атлетико Мадрид во 2010 го подигна пехарот за победникот во Лига Европа, додека со репрезентацијата на Уругвај во 2011 година го освои трофејот на Копа Америка.
Диего Форлан на Светското првенство во Јужна Африка, во 2010 година, беше прогласен за најдобар играч на турнирот.