Top Sport

Диего Коста и Јеро застанаа зад Де Хеа

Давид де Хеа во последните неколку години добива само пофалби за своите голмански квалитети, но во првиот меч на Мундијалот во Русија, се покажа дека и голманот на Манчестер јунајтед има свои слабости.

Ова посебно се однесува на вториот гол на Кристијано Роналдо (кој прв во историјата даде три гола на еден меч против Шпанија на СП), кога реакцијата беше сѐ освен сигурна. На Интернет, нормално тој беше на мета на потсмев, меѓутоа Диего Коста, кој постигна два гола и селекторот Фернандо Јеро застанаа во негова одбрана.

„Де Хеа е нашиот голман и поради една грешка како денеска, нема да престанеме да веруваме во него. Во семејството секогаш веруваш и се поддржуваш. Ако вчера било лошо, денеска ќе биде малку подобро. Го имавме мечот во наши раце, заслуживме да победиме бидејќи бевме во контрола“, вели Диего Коста.

Јеро се согласува со него.

„Де Хеа е еден од нас и не го оставаме сам. Но, кога имаш фудбалер кој може да го направи тоа што го направи Кристијано… Задоволен сум од нашата игра, од довербата и во карактерот кој го покажа“, вели Јеро.

Фото: ЕПА

Роналдо сам против цела Шпанија! (видео)

Scroll to Top