Top Sport

Диего Коста ја покажа „темната страна“ (Видео)

Барселона, вечерва, ја обезбеди шампионската титула во Шпанија, откако во дербито го победи Алтеико 2:0. Барса победи со головите во 85 и 87 минута. Работата на Каталонците им ја олесни Диего Коста кој во 28 минута доби директен црвен картон.

Бразилецот со шпански пасош уште еднаш ја покажа својата „темна страна“ и ги остави соиграчите со човек помалку на теренот.

Наводно Диего Коста упатил многу вулгарни зборови кон судијата Хесус Хил Мансано, а со една реченица му порачал: „Да ѝ се по….м на твојата е…..а мајка“.

Диего Коста сигурно ќе добие неколку натпревари суспензија, а многу веројатно е дека ова за него беше последниот меч во дресот на Атлетико против Барселона. Најавите од клубот се дека тој ќе биде продаден во Кина во летнит преоден рок.

foto/epa

Scroll to Top