Top Sport

Бруклин го тресна Милвоки, Филаделфија ги скроти „биковите“ (видео)

Изненадувачки тимот со најдобар биланс во НБА лигата оваа сезона од 59 победи и 21 пораз, Милвоки Бакс загуби на домашен терен од Бруклин Нетс со 128:133.

Во отсуство на „џинот“ Адетокумбо кај „бакси“, најдобар поединец кај „нетси“ беше Д’Анџело Расел со 25 поени и 10 асистенции.

Бруклин со оваа победа ги изедначи бројот на победи и порази во лигата, по 40, и моментно има шести резулат на Истокот.

Филаделфија ноќеска триумфираше над Чикаго Булс со 116-96 со што стигна до 50. овосезонска победа во Источната конференција на НБА лигата.

Џеј Џеј Редик беше најдобар стрелец со 23 поени, содека Џоел Ембид имаше учинок од 20 поени и 10 скока.
https://youtube.com/watch?v=SCqpGJU9IXo

Scroll to Top