Top Sport

Диего Коста ќе игра против Јувентус

Диего Коста започнал да тренира со првиот тим на Атлетико Мадрид. Искусниот напаѓач се рехабилитирал од повредата на стапалото, поради која не играше од средината на ноември минатата година.

Шпанскиот репрезентативец стапалото го повредил на еден од тренинзите, во дуел со еден од соиграчите. Поради тоа тој замина на операција во Бразил.

Според прогнозите рехабилитацијата траеше нешто повеќе од два месеци.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Диего Коста ќе биде целосно подготвен за натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите на 20 февруари.

Бразилецот со шпански пасош оваа сезона има постигнато четири гола за Атлетико во сите натпреварувања.

Scroll to Top