Top Sport

Лекип: Во светот никој не е како Реал

Еден од најпознатите спортски весници „Лекип“ го прогласи Реал Мадрид за најголем клуб во светот. „Лекип“ која ја доделува престижната „Златна топка“, рангираше 30 клубови, анализирајќи го нивниот учинок во десет категории.

Весникот в предвиди ги имал составите на тимовите, односно учинокот на фудбалерите, телевизиската публика, популарноста на социјалнiте мрежи, посетата на стадионите, расходите, вредноста на клубот и историјата.

На првото место со 184 бода е актуелниот европски првак Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ има седум бода повеќе од Барселона, на третото место е Манчестер Јунајтед (151), па следуваат Баерн Минхен (135) и Ливерпул (120).

Според анализата на „Лекип“ во првите десет уште се Јувентус (107), Пари Сен Жермен (94), Челси (91), Манчестер сити (89) и Арсенал (88).

Scroll to Top