Атлетико Мадрид потврди дека напаѓачот Диего Коста заминал во Бразил, каде во среда ќе го оперира стапалото.
Шпанскиот репрезентативец се повредил минатиот месец, кога на тренинг бил згазнат од еден од соиграчите.
Медиумите пренесуваат дека по операцијата Диего Коста го очекува период на рехабилитација од околу два месеци. Според планот на тренерот Диего Симеоне, Бразилецот на терените ќе се врати во февруари кога ќе започне нокаут-фазата во лигата на шампионите.
Искусниот фудбалер оваа сезона има постигнато четири гола за Атлетико во сите натпреварувања.