Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста е осуден на 6 месеци затвор поради затајување данк. Бразилецот вчера ја призна вината откако шпанскиот правен систем го обвини за затајување на 1,1 милион евра.
Коста ја прифати казната за да не мора повеќе да оди на суд. Во Шпанија затворската казна до 2 години може да се замени со парична, па сега најверојатно ќе може да плати 600.000 евра и да биде слободен.
Пред него, осудени беа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо, Лука Модриќ. Хрватот исто така ја призна вината за две дела за затаени вкупно 870.000 евра
Diego Costa has pleaded guilty to tax avoidence amounting to 1.1 million euros
He's accepted a six month prison sentence but it will probably be substituted for a fine.
Imagine Costa in prison ?? pic.twitter.com/ziR6hTonXX
— Footy Accumulators (@FootyAccums) October 4, 2019