Top Sport

Ѓоковиќ без мака го прескокна Гофан во Токио

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Токио по победата над Давид Гофан со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4. Во финалето Србинот ќе игра против Џон Милман.

Ѓоковиќ веднаш тргна со брејк на мечот, па во првиот сет набргу поведе со 3-0. При резултат 3-1 Гофан имаше брејк топка, но Новак се извлече и стигна до 4-1, по што доминираше до крајот на сетот.

Во вториот сет Ѓоковиќ брзо направи брејк, пртивникот имаше дури 3 шанси да го врати брејкот, но не успеа, по што мечот рутинирано го приведе до крај.

Scroll to Top