Диего Коста, поранешен играч на Атлетико Мадрид и Челси, поради поврзаност со он-лајн обложувалница се наоѓа под истрага на бразилската полиција.
Контроверзниот фудбалер наводно бил еден од финансиерите на обложувалницата, лија работа полицијата ја истражува поради перење пари и поврзаност со криминални организации.
Истрагата била фокусирана на сопствениците на он-лајн обложувалницата, но и на партнерите, меѓу кои е и Диего Коста.
Полицијата официјално не го соопшти името на фудбалерот, но медиумите откриле дека според годините и адресата на живеење станува збор за познатиот фудбалер.
Полицијата, вчера извршила претрес на повеќе локации.
Диего Коста, во декември минатата година го раскина договорот со Алтетико Мадрид, шест месеци беше без клуб, а потоа се врати во Бразил. Тој договори соработка со лидерот во бразилското рпвенство Атлетико Минеиро.