Top Sport

„Сер Алекс му викаше на Роналдо да престане да тренира“

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ники Бат, рекол дека работната етика во фудбалот, Кристијано Роналдо ја подигнал на ниво кое не може да се забележи кај другите фудбалери.

Бат го напишал предговорот за книгата „Вива Роналдо“. Тој се присетил на почетоците на Португалецот, кога како 18-годишник од Спортинг пристигнал во Манчестер јунајтед.

„Не е на врвот само поради талентот. Често се зборува дека некои фудбалери вредно работеле, дека останувале да вежбаат и по завршувањето на тренинзите, кај Кристијано во прашање беше целосна посветеност. Телото какво што сега го има не му е Бога дадено, работеше напорно за да го створи. Кога дојде кај нас беше физички слаб, со години работеше на своето тело“, пишува Бат и додава.

„Мораше да дојде стане физички силен, бидејќи тоа го бара Премиер лигата. Имаше можност да се увери колку таа е физички напорна. На тренинзите влегуваше во дуели со Рој Кин и Јап Стам“.

„Секогаш последен го напуштатше тренинг-центарот. Не можеа да го избркаат, неуморно работеше на техниката. Кога ние заминувавме од тренинг-центарот тој се враќаше со полна вреќа топки. Ние ќе ручавме во кантината или ќе се подготвувавме да си одиме и ќе го слушневме сер Алекс Фергусон како му вика на Криситијано да го напушти теренот: „Имам натпревар за два дена, ајде доста е“, заклучил Бат.

Кристијано Роналдо, пред три недели, по 12 години се врати во Манлестер јунајтед.

Scroll to Top