Top Sport

Диего Коста постигна гол на дебито за Атлетико Минеиро

Диего Коста со гол дебитираше за Атлетико Минеиро. Бразилецот со шпански пасош, му донесе бод на свјот тим со голот што го постигна во 86.минута, на гостувањето кај Брагантино.

Диего Коста пред две недели им се приклучи на Атлетико Минеиро. Тој беше без клуб од крајот на минатата година кога го раскина договорот со Атлетико Мадрид.

Искусниот напаѓач, во 86.минута, одлично реагираше по центаршутот на Едуардо и со волеј го совлада голманот на Брагантино.

По 18 рунди во бразилската Серија А, Атлетико Минеиро се лидери со 39 поени, четири повеќе од Палмеирас.

Scroll to Top