Top Sport

Диего Коста пред неверојатен трансфер во Хетафе

„Марка“ тврди дека еден од најнеобичните трансфери во јануарскиот преоден рок ќе биде доаѓањето на Диего Коста во шпанскиот прволигаш Хетафе по убедувањето од тренерот Кике Санчез Флорес.

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челси неодамна го напушти бразилскиот Атлетико Минеиро откако со нив ја освои двојната бразилска титула, така што би можел да пристигне во мадридското предградие како замена за мексиканскиот напаѓач Х.Х. Масијас, кој си замина од клубот.

Санчез Флорес и Диего Коста добро се познаваат, откако работеа заедно во Атлетико Мадрид во 2010/11, кога Шпанецот со бразилско потекло сакаше да замине од клубот, пред тренерот да го убеди да остане.

Scroll to Top