Top Sport

Брињоне и Хитер ја „поделија“ победата во Гармиш

Лидерката во генерален пласман во супер-џи, Федерика Брињоне се врати на победите, но овојпат мораше да го подели највисокот место на подиумот со Австријката Корнелија Хитер на супер-џи трката во Гармиш-Партенкирхен во последната трка пред Олимписките игри.

Брињоне на тешката патека Канадахар, постави време од 1:18.19, кое го израмни и Австријката Хитер и покрај големата грешка која ја направи на горниот дел од патеката, за совршен викенд пред Олимпијадата, откако вчера беше трета во спустот. Далеку на третото место беше уште една Австријка, Тамара Типлер со 0.82 секунди послабо време.

Scroll to Top