Top Sport

Диего Коста во 2014 бил на терапија во Белград со коњска плацента и електрошокови

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, конечно, потврди дека бил на контроверзна терапија со масажа со коњска плацента и електрошокови кај докторката Маријана Ковачевиќ во Белград во обид да биде подготвен за финалето на ЛШ во 2014.

Во интервју со бразилскиот „ЕСПН“, Коста потврди дека жали што бил на бизарниот третман пред финалето на ЛШ помеѓу Атлетико и Реал Мадрид.

„За тоа со коњската плацента многу се зборуваше и луѓето велеа дека се работи за лага. Третманот беше вистински, иако додека ми даваа електрошокови докторот испуши две цигари. Се работеше за двечасовни сесии, кои беа тешки и многу болни, што потоа кога ќе трчав не чувствував болка. Можеби згрешив, но за мене немаше друга опција пред тоа финале“, вели Коста.

Процедурата не беше многу успешна, бидејќи тој мораше да биде заменет по само 10 минути од финалето на ЛШ во Лисабон, а Атлетико загубија со 4:1 по продолженија.

„Тоа беше еден од најтажните моменти во мојата кариеро. Кога излегов на теренот почувствував грчеви. Се обидов да продолжам, но по 10 минути морав да излезам. Подобро да не играв и да оставев место за некој друг“, вели Коста.

Scroll to Top