Напаѓачот на Атлетико Мадрид Диего Коста обвинет е од шпанските власти дека затаил данок во перидот кога Атлетико во 2014 година се преселил во Челси. Диего Коста ќе се појави пред судот на 4 јуни.
Бразилецот со шпански пасош според обвинението ја оштетил државата за 1.014.416 евра, бидејќи не пријавил 5.150.622 евра од трансферот. Исто така тој е обвинет и дека затаил повеќе од еден милион евра од маркетинг правата.
Обвинителството побарало шест месечна каза затвор за 31 годишниот напаѓач и парична казна од 507.208 евра.
Шпанските медиуми објавија дека Коста нема да оди во затвор, туку и таа казна ќе се замени со парична во износ од 36.500 евра.