Нема крај за проблемите на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста. Бразилецот со шпански пасош, поради суспензијата од осум натпревари веќе ја заврши сезоната, а во средата дознал дека ќе мора да се појави пред шпанскиот суд.
Диего Коста е обвинет за затајување на данок. Според шпанските власти, во 2014 година тој „сокрил“ 1.117.272 евра, односно дел од парите што го добил од компанијата „Адидас“. Во тој период тој го направил трансферот од Атлетико во Челси.
Најновите проблеми според Шпанците ќе стават крај на кариерата на Коста во Атлетико. Многу е веројатно дека во летниот преоден рок тој ќе се пресели во Кина.